Турскиот великан Бешикташ, демантира дека клубот постигнал договор за соработка со Вардар.
Пред неколку дена (9.октомври), шефот на скаутинг службата на актуелниот шампион на Турција, Бајрам Билим, го пости Вардар. По средбата со клупското раководство, Вардар, објави дека била договорена долгогодишна соработка помеѓу двата клуба.
„Шефот на скаутинг службата на фудбалскиот гигант од Турција Бешикташ Бајрам Билим (Bayram Bilim) го посети ФК Вардар и оствари средба со раководството на клубот, на која се договори долгогодишна соработка помеѓу двата клуба“, соопштија од Вардар.
По повод оваа информација од Скопје се огласија од Бешикташ.
„Веста во медиумите дека е потпишан договор за соработка помеѓу нашиот клуб и македонскиот клуб Вардар не е вистинита. Љубезно ги молиме нашите фанови да не им веруваат во таквите вести“, објави Бешикташ на својата официјална интернет страница.
Фото/facebook.com/FKVardarSkopje