Top Sport

Демант од Италија – Ањели (засега) останува претседател на Јувентус

По само 48 часа, проектот на Европската Суперлига доживува колапс, по најавите за повлекување на Манчестер сити, Челси и неизвесноста околу учеството на Барселона, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед, но од Италија демантираат дека еден од креаторите на лигата, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели си поднел оставка.

Според британскиот „Индепендент“, Ањели размислува за повлекување, посебно бидејќи тој требаше да биде потпретседател на Европската Суперлига, како заменик на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Ова доаѓа откако британските медиуми потврдија дека Ед Вудворд, извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, веќе поднел оставка.

Scroll to Top