Top Sport

Демба Ба: Не сум фан на Џерард и Ливерпул (Видео)

Ливерпул в недела го игра дербито против Челси. Овој натпревар, како и сите до крајот на сезоната се значајни за „црвените“, во обидите да ја освојат шампионската титула, која на „Енфилд“ последен пат ја славеле пред 30 години.

Во пресрет на натпреварот, англиската јавност се потсети на пресметката помеѓу Ливерпул и Челси во 2014 година и киксот на Стивен Џерард. Челси победи на тој меч 2:0, грешката на Џерард ја искористи Демба Ба, а на крајот на титулата се радуваа играчите на Манчестер сити.

Пет години по тој меч Демба Ба изјавил дека воопшто не му е жал за Џерар.

„Воопшто не го жалам. Не сум фан на Џерар или Ливерпул. Не сум фан ниту на Манчестер сите, не бев среќен што тие ја освоија титулата. Тоа се фудбалски работи, едноставно тоа така се случи. Бевме мотивирани бидејќи сите говореа дека ќе им дозволиме да не победат, а ние одигравме совршен меч“, рекол Ба.

Интересно, на овој меч за Челси играше Мохамед Салах.

Scroll to Top