Top Sport

Дембеле: Бев многу слаб кога дојдов во Барселона

Усман Дембеле признава дека бил „многу слаб“ кога пристигна на „Ноу Камп“ за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд, но вели дека сега е во најдобра можна форма надминувајќи ги сите проблеми со повредите.

23-годишниот Дембеле беше замена за Нејмар, кој замина за 222 милиони евра во Пари Сен-Жермен во текот на летото 2017 година, но не успеа да се наметне по серија повреди кои оваа сезона ги надмина и игра во солидна форма.

„Сакам да работам, да го дадам максимумот на теренот, но во 2017 кога дојдов бев многу слаб. Оваа годуна сум многу подобар, со помош на тренерите се вратив во форма и работите се сменија. Сега имам доверба во моите квалитети“, вели Дембеле.

Дембеле имаше само 23 меча за Барса во првата сезона (2017/18), а следната по низа повреди имаше само 9 меча. Оваа година, тој има 8 гола и 4 асистенции во 35 меча за Блауграна.

Scroll to Top