Top Sport

Дембеле: Цело време сакав да останам во Барселона

Усман Дембеле инсистира дека продолжувањето на договорот со Барселона секогаш би неговата „прва опција“, откако денеска наутро, конечно, по две недели како слободен играч стави параф на договор до крајот на 2024 година.

Барса беа подготвени да го продадат Дембеле во јануари, откако тој одбиваше да го продолжи договорот и очекувањата беа дека ќе си замине како слободен играч, по што тој доби доверба од новиот тренер Чави Ернандез и да остане на „Ноу Камп“.

„Барса ми беше клуб од соништата од моето детство и сега едвај чекам да ја почнеме новата сезона и ќе го дадам максимумот за овој клуб. Барса секогаш беше моја прва опција и сите сме среќни што заврши вака. Клубот секогаш ќе се бори за титули и сонот ми е да ја освојам Лигата на шампионите. Мислам дека ова ќе биде голема година за нас“, вели Дембеле.

Scroll to Top