Top Sport

Дембеле ќе остане во Барса со 40 отсто пониска плата

Усман Дембеле е подготвен да добива 40 отсто пониска плата за да остане во Барселона со нов двегодишен договор, тврди „Мундо депортиво“, додавајќи дека се чека да се среди финансиската ситуација во клубот.

25-годишниот Французин, кој пристигна на „Ноу Камп“ во 2017 за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд како замена за Нејмар, е слободен играч по крајот на договорот во Каталонија, и иако за него беа заинтересирани Челси и Пари Сен-Жермен, тој сака да остане да работи со Чави Ернандез во Барселона.

Спортските директори на клубот дале зелено светло за договорот, но за објава се чека Барса да ги исполнува условите на Ла лига за платите на своите играчи, причина поради која засилувањата Франк Кеси и Андреас Кристенсен уште не се регистрирани.

Scroll to Top