Top Sport

Дембеле се враќа на „Ел класико“? (видео)

Усман Дембеле е на добар пат да се врати во составот на Барселона пред „Ел класико“ против Реал Мадрид во декември.

Дембеле, за кого Барселона платија 105 милиони евра да го донесат од Борусија Дортмунд е во аут по повредата на бутниот мускул против Хетафе на 16 септември. Тоа беше само неговиот трет меч по доаѓањето во Каталонија.

Тој беше донесен да ја пополни „дупката“ во тимот по заминувањето на Нејмар во Пари Сен-Жермен, но не доби вистинска шанса да го покаже талентот. Сепак, тој се врати на тренинзи и вестите од Каталонија велат дека ќе се врати за време на мечот на „Сантијаго Бернабеу“ на 23 декември.

Видеото кое го објави Барселона го покажува неговиот прогрес.

Scroll to Top