Top Sport

Дембеле со многу среќа ги „стресе“ Јувентус, ВАР против „бјанконерите“

Барселона стигна до рано водство во вечерашното дерби во Лигата на шампионите на гости кај Јувентус, откако Усман Дембеле со многу среќа уште во 15-тата минута го стресе голот на Војчех Шчесни.

Откако доби одлично додавање од еден крај на теренот на друг од Лео Меси, Дембеле ја „збрка“ одбраната на „бјанконерите“, за неговиот удар да се одбие од Леонардо Бонучи за водство на Блауграна.

Само една минута подоцна, Алваро Мората постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд позиција по консултација на ВАР системот.

Scroll to Top