Муса Дембеле по шест и пол години го напушти Тотенхем и кариерста ќе ја продолжи во Кина. Белгиецот е нов член на шампионот на оваа земја. Гвангжу РФ, кого од клупата го предводи Србинот Драган Стојковиќ-ПиксиФабио Канаваро.
Иако клубовите не објавија, медиумите шпекулираат дека Тотенхем од трансферот заработил околу 11 милиони фунти.
Ова е добра сума за лондонскиот клуб, бидејќи Дембеле ги одработуваше последните шест месеци од договорот.
Интерес за Белгиецот покажуваа Јувентус и Интер, како и Пари Сен Жермен. Овие три клуба се надеваа дека ќе ја искористат можноста во летниот преоден рок да го договорат без да платат обесштетување.
We have reached agreement with Chinese Super League side Guangzhou R&F for the transfer of @mousadembele, subject to international clearance.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 17, 2019