Top Sport

„Демнење“ на голманот во бизарна акција во Англија

Третата лига ни донесе еден од најневеројатните моменти во историјата на англискиот фудбал, откако голманот на Шефилд венсдеј, Бејли Пикок-Фарел направи клучна грешка на гостувањето кај Ипсвич таун примајќи „ефтин гол“.

Голманот дозволи зад него незабележано да стои напаѓачот Меколи Бон, кој внимателно чекаше тој да ја спушти топката, за да му ја „украде“ и да асистира за гол. Голот беше и важен – со него Ипсвич израмни на 1:1, како што заврши мечот.

Scroll to Top