Top Sport

Ден на големи фудбалски пресметки

Подготвките за Светското првенство започнуваат вечерва, а ширум светот ќе се одиграа голем број на натпревар, од кои неколку навистина треба да понудат вистински спектакл.

Програмата ќе ја отворат домаќинот на мундијалот Русија и Бразил од 17 часот на „Лужники“ стадиното во Москав. Во истиот термин Македонија на „Глорија“ арена во турски Белек ќе се соочат со селекцијата на Финска.

Најинтересните пресметки ќе започнат од 20:45 часот. Италија и Аргентина ќе играат на „Итихад“ стадионот во Манчестер, Холандија во Амстердам ќе ја пречека Англија, а актуелниот првак германија ќе ја пречека Шпанија.

Програмата ќе ја затворат Франција и Колумбија, овој меч ќе стартува во 21 часот.

Scroll to Top