Top Sport

Дени Дринквотер бил брутално претепан

Фудбалерот на Челзи, кој е на позајмица во Барнли, Дени Дриквотер, бил претепан во ноќен клуб во својот роден град Манчестер.

Дринквотер и се додворувал на на една девојка која била со своето момче, инаку фудбалер на третолигашот Скунторпер Јунајтед, Ксоги Ентиле.

Ентиле најпрвин го замолил Дринквотер да се тргне од неговата девојка, а откако поранешниот англиски репрезентативец му рекол дека девојката ќе си оди со него, фудбалерот од Јужна Африка со уште шестмина пријатели брутално го претепале.

Лицето на Дринквотер е деформирано, а поради повредата на лигаментите на скочните зглобови тој ќе паузира најмалку четири недели.

Очевидци кои биле во ноќниот клуб на медиумите им изјавиле дека напаѓачите намерно скокале по зглобовите на Дринквотер за да предизвикаат повреда.

Фудбалскиот клуб Барнли по повод овој случај се огласија со кратко соопштение.

„Дринквотер не се повреди поради клупските активности, поради што ќе треба да се соочи со последиците“.

Дринквотер е познат како некој ѓто не живее како професионален фудбалер, во април минатата година тој под дејство на алкохол со својот џип се забил во ѕид, поради што возачката дозвола му била одземена на 20 месеци.

Дени Дринквотер е член на шампионската генерација на Лестер. Пред две години се пресели во Челзи, но кај Антонио Конте одигра 12 натпревари, додека Маурицио Сари воопшто не сметаше на него. Ова лето Френк Лампард го испрати во Барнли.

Scroll to Top