Top Sport

Депај ќе замине од Лион, признава претседателот

Главната „мета“ на Милан, Мемфис Депај „најверојатно“ ќе замине од Лион, доколку клубот не успее да издејствува пласман во европските натпреварувања, признава претседателот Жан-Мишел Ола.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, подолго време е на „радарот“ на „росонерите“, а бидејќи има договор до јуни 2021 година, Лион се наоѓа пред опција да го продаде или следната година да си замине бесплатно. Лион првпат по повеќе од две децении не се во европските натпреварувања, откако Лига 1 реши предвремено да ја прекрати сезоната, и најавија тужба против одлуката.

„Мемфис ми кажа дека ќе биде подготвен да разговара за ситуацијата кога ќе се врати. Неговиот агент ми кажа дека тој најверојатно ќе побара друг тим ако не играме во Европа следната сезона“, вели Ола.

Единствен проблем во оваа „математика“ за Милан е што и тие во моментов се надвор од место кое носи во европските натпреварувања. Депај беше во аут со повреда на коленото, откако на стартот на сезоната постигна 14 гола во 18 меча.

Scroll to Top