Top Sport

Депај не сака ниту да се потсетува на Јунајтед

Мемфис Депај не сакаше да одговара на прашањата околу неговиот престој во Манчестер јунајтед, пред враќањето на англиските терени за дуелот на неговиот француски тим Лион против Евертон.

23-годишниот Холанѓанец беше најавуван како супер-засилување за Јунајтед, но помина 18 фрустрирачки месеци на „Олд Трафорд“, постигнувајќи само седум гола, сите постигнати во првата сезона со тимот. Под Жозе Мурињо, тој само еднаш беше во стартниот состав.

„Мислам дека гледањето наназад не е исправен потег во моментов за мене. Сите гледаме напред. Што имав да кажам за тоа, кажав и сега сум возбуден што повторно играм добро“, вели Депај.

Јунајтед, за секој случај, оставија опција да го откупат играчот откако го продадоа за 25 милиони евра. И во Лион, тој не е редовен стартер во тимот.

„Сакам повеќе минути, но тоа е одлука на тренерот. Понекогаш играм како крило, понекогаш како класичен напаѓач. Во добра форма сум и сега треба да докажам дека треба да играм почесто“, додава Холанѓанецот.

Scroll to Top