Top Sport

Депај сигурно не оди во Јуве, Тен Хаг го сака во Јунајтед!

Мемфис Депај сигурно нема да биде нов фудбалер на Јувентус, откако по неуспешниот обид да го продадат Адриен Рабио на Манчестер јунајтед, „бјанконерите“ се решија за Аркадијуш Милик, но во Англија тврдат дека Холанѓанецот може да има неверојатно враќање на „Олд Трафорд“, каде што Ерик Тен Хаг инсистира клубот бргу да го заврши договорот вреден 8 милиони фунти.

Депај дојде во Јунајтед од ПСВ Ајндховен во 2015 година за 25 милиони фунти, но по само 18 месеци си замина во Лион, каде што ја врати репутацијата, пред да направи трансфер во Барселона минатата сезона.

Пристигнувањето на Роберт Левандовски на „Ноу Камп“ значи дека Депај ако остане ќе треба да седи на клупата, нешто што 28-годишниот напаѓач сака да го избегне пред Светското првенство. Депај никогаш не „заборави“ на Јунајтед, честопати објавувајќи фотографии на социјалните мрежи во дресот на Манчестер јунајтед.

Scroll to Top