Лутото француско дерби меѓу Марсеј и Лион изобилуваше со пресврти, голови, инциденти, за на крај Лион да стигне до победа со гол во 90. минута од страна на Мемфис Депај, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед.
Домаќините поведоа на дербито на „Велодром“, преку Роландо во 31. минута, но само 11 минути подоцна Адил Рами си постигна автогол за на полувреме да се отиде со 1:1.
Само што почна второто полувреме, во 52. минута, гостите дојдоа во водство со одличниот гол на 19-годишниот Хусем Оуар, но Костас Митроглу во 84. минута се понадева дека обезбеди барем реми за Марсеј, пред Депај во финишот од натпреварот со глава да го измами голманот Манданда.
Марсеј останува трет во Лига 1 со 59 поени, но Лион на четвртото место сега има само два поени помалку.