Интернационалната пауза за баражите за пласман на Светското првенство во Русија, дел од репрезентциите кои веќе имаат обезбедно пласман или веќе се елиминирани ги искористија за пријателски натпревари.
Еден од најинтересните во четвртокот беше гостувањето на подмладената Холандија (која ги загуби шансите за СП поради послаба гол-разлика од Шведска), гостуваше на „Питодри“ во Абердин кај Шкотланѓаните, уште една репрезентација која нема да ја гледаме на СП. Холандија, која по вториот пријателски натпревар против Романија останува без селекторот Дик Адвокат стигна до минимална победа од 1:0 со голот на играчот на Лион, Мемфис Депај во 40. минута.
Унгарија пак, старата славна фудбалска сила, успеа да го понесе неславниот рекорд – во иста година успеа да загуби од Андора и Луксембург. Луксембуржаните поведоа во 15. минута со голот на Орелиен Јоаким, пред само три минути подоцна да израмни Немања Николиќ (Чикаго фајр). Меѓутоа, Унгарците останаа со 10 играчи откако Герго Ловренчиќ доби втор жолт картон во 52. минута, и на крајот примија гол во 84. минута за неславен пораз.
Георге Грозав постигна два гола за Романија да стигне до 2:0 победа на тестот со Турција, додека Ерменија, предводена од Хенрик Мхитарјан стигна до убедлива 4:1 победа над Белорусија.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
Камбоџа – Мјанмар 1:2
Сингапур – Либан 0:1
Хонгконг – Бахреин 0:2
Ерменија – Белорусија 4:1
Финска – Естонија 3:0
Романија – Турција 2:0
Иран – Панама 1:2
Луксембург – Унгарија 2:1
Шкотска – Холандија 0:1