Top Sport

Дерби во Лига Европа, Милан-Арсенал

Европската фудбалска унија (УЕФА) во своето седиште во Нион, во петокот, ги извлече двојките за осминафиналната фаза во Лига Европа. Прва пат во историјата на ждрепката немаше носители, туку сите клубови беа влечени од еден сад. Како и на претходните ждрепки, поради затегнатите политички односи, УЕФА не дозволи меѓу себе да играат клубови од Русија и Украина.

Легендата на Франција, Лион и Барселона, Ерик Абидал беше задолжен за влечење на топчињата. Абидал во осминафиналето ги спои Милан и Арсенал. Оваа двојка според имињата на противниците и нивната традиција преставува дерби на оваа фаза.

Осминафинални двојки го Лига Европа:

Лацио-Динамо Киев
Ред Бул Лајпциг-Зенит
Атлетико Мадрид-Локомотив Москва
ЦСКА Москва-Лион
Олимпик Марсеј-Атлетик Билбао
Спортинг Лисабон-Викторија Плзен
Борусија Дортмунд-Салцбург
Милан-Арсенал

Првите натпревари ќе се одиграат на 8.март, а реваншите се на програмата на 15.март. Финалниот натпревар во Лига Европа ќе се игра во Лион на 16.мај.

Scroll to Top