Поранешниот дефанзивец на француската репрезентација, Марсел Десаи вели дека Антоан Гризман е „клучниот“ човек за Франција на Мундијалот и треба да ја преземе улогата и да биде „нов Зинедин Зидан“.
Гризман, кој вчера објави дека останува во Атлетико Мадрид и нема да му пречи одлуката за иднината, утре со Франција го почнува Мундијалот со тест против Австралија. Тој постигна еден гол од пенал во претпоследниот приајтелски натпревар пред шампионатот против Италија и ќе биде лидер во нападот на тимот на Дидие Дешам.
„Мислам дека Дидие е јасен околу тоа – Антоан е нашиот клучен играч. Тој треба да даде динамика во нападот, треба да донесе интензитет со неговата игра. Тој е клучен играч како што Зидан беше во нашиот состав во 1998“, вели Десаи.
Тој не се чуди на одлуката на Дешам да ги остави дома Антони Марсијал, Александер Лаказет и Кингсли Коман, бидејќи нивното неискуство се покажало на Европското првенство во 2016, кога Франција загуби од Португалија во финалето.
„Тоа е избор на Дидие. Тие беа тестирани на Европското првенство и најверојатно заклучил дека се едно ниво подолу од тоа што очекува. Тој има сопствена филозофија и мораме да ја почитуваме“, додава Десаи.
Фото: ЕПА