Top Sport

Дешам: Дембеле направи хаос во Дортмунд

Францускиот селектор Дидие Дешам пред четврт-финалето на Франција против Уругвај неочекувано влезе во напад на сопствениот напаѓач, Усман Дембеле, критикувајќи го начинот на кој тој направи трансферот од Борусија Дортмунд во Барселона.

Дембеле стана четвртиот најскап фудбалер во историјата откако Барселона платија 145.5 милиони евра за него на Борусија Дортмунд, заминувајќи си на „лоша нога“, откако одбиваше да тренира со клубот.

„Тоа беше неприфатливо однесување. Неговиот однос предизвика проблеми во Дортмунд, за неговите соиграчи, но и за француската репрезентација. Не можев да го повикам Дембеле во тимот бидејќи тој не тренираше. Мислам дека такви работи не треба да се толерираат“, изјави Дешам во интервју за „Спорт билд“.

Дембеле најверојатно нема да биде во стартниот состав на Дешам за дуелот со Уругвај во петок попладне.

Фото: ЕПА

Scroll to Top