Top Sport

Дешам го вратил Мбапе во Париз

Килијан Мбапе нема да игра за Франција во квалификациите за ЕУРО 2020 против Исланд и Турција. Талентираниот напаѓач има проблем со повредата, поради што селекторот Дидие Дешам решил да го ослободи од обврските.

Мбапе од почетокот на сезоната има проблем со повредата, поради која пропушти неколку натпревари на Пари Сен Жермен. Минатата недела тој се врати во составот на францускиот шампион, но очигледно не ја санирал до крај.

„Откако обави разговори со фудбалерот и докторот на репрезентацијата, селекторот Дидие Дешам реши да го врати Мбапе во Париз. Му посакуваме што побргу да оздрави“, стои во соопштението од Фудбалската федерација на Франција.

Мбапе (20) за репрезентацијата настапува од 2017 година.

Scroll to Top