Францускиот селектор Дидие Дешам застана во одбрана на својот играч Антоан Гризман, и покрај сè поголемите критики околу формата на напаѓачот.
Гризман има постигнато само три гола за Атлетико Мадрид оваа сезона, но Дешам вели дека целиот тим на Атлетико е виновен за падот во формата. Ова доаѓа по фотографијата на која поранешниот напаѓач на Реал Сосиедад заминува предвреме од тимското фото на „Лос колчонерос“. Дешам објаснува дека 26-годишниот Гризман е во одлична форма.
„Неговата форма е релативна во однос на формата на клубот. Дали се работи за него или за некој друг играч, формата секогаш доаѓа од формата на тимот во кој играте. Атлетико Мадрид не беше многу убедлив оваа година“, вели Дешам.
Тој му дава шанса на Гризман да биде во стартниот тим за пријателскиот меч со Велс пред Набил Фекир и Антони Марсијал, двајца фудбалери кои се во топ-форма.
„Антоан уште е Антоан. Тој уште ги има истите квалитети како и претходно, но можеби му фали малку одлучност. Не сум воопшто загрижен“, вели Дешам.