Top Sport

Дешам: Мбапе „блеска“ кога е со француската репрезентација

И покрај бурните неколку недели во Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе „блеска“ и постојано е насмеан со француската репрезентација, тврди селекторот на светските шампиони, Дидие Дешам.

Мбапе беше дел од тимот на ПСЖ кој доживеа неверојатна елиминација од Реал Мадрид овој месец, кога пропуштија вкупно водство од 2 гола за само 29 минути на „Сантијаго Бернабеу“, по што следуваа многубројни критики во француските медиуми, а тука е и неизвесната иднина на Мбапе, чиј договор со ПСЖ завршува на крајот на сезоната.

Кога се приклучи на репрезентацијата, Мбапе повторно дојде на насловните страници откако беше фатен неговиот разговор со Пол Погба, во кој му кажа дека му е „преку глава“ во ПСЖ. Дешам не се согласува.

„Откако пристигна со нас, тој блеска, и постојано е насмеан. Фудбалот знае да биде тежок, но поразот од Реал Мадрид веќе е во минато. Тој е важен дел од нашаата репрезентација како одлучувачки фудбалер. Не се работи за Килијан и групата, туку Килијан во групата“, вели Дешам.

Scroll to Top