Селекторот на Франција, Дидие Дешам верува дека еден ден Жозе Мурињо може да стане негов наследник.
Менаџерот на Манчестер јунајтед последните месец дена е поврзуван со местото на главен тренер во Пари Сен-Жермен, откако изрази интерес во „тресењето“ на елитата од страна на парискиот тим. Дешам верува дека Франција е атрактивна опција за Мурињо.
„ПСЖ е најисклучителниот тим во Франција во моментов бидејќи игра добро во Франција и во Лигата на шампиони. Мурињо е задоволен во Јунајтед во моментов, но зошто да не. Тој е вистински глобтротер и уште не бил во Франција. Мислам дека ќе биде добредојден“, вели Дешам пред пријателскиот меч на Франција со Велс во Париз.