Top Sport

Дешам: Не сум Дедо Мраз, нема да има изненадувања на ЕП

Францускиот селектор Дидие Дешам ја отфрли можноста во неговиот тим за Европското првенство ова лето да има изненадувања, велејќи дека не е „Дедо Мраз“, отфрлајќи ја можноста шокантен повик да добие напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Со кој било тим да излезе, актуелниот светски шампион ќе биде еден од фаворитите за злато, но Дешам вели дека ќе игра „конзервативно“ пред објавувањето на составот на 18 мај.

„Јас не сум Дедо Мраз, не сум тука да делам изнеандувања. Полека го средуваме тимот, имаме фудбалери, како Корентин Толисо кои се опоравуваат од повреди и уште немам информации за нивната состојба. Првиот тим ќе го објавам на 18 мај, но има мечеви и подоцна и имам фудбалери кои ќе играат во двете европски финалиња. Единствената листа која ќе биде важна е таа на 1 јуни, која ќе ја пратиме до УЕФА“, вели Дешам за „Кикер“.

Франција има супер тешка група на Евро 2020, со Германија, Унгарија и актуелниот шампион Португалија.

Scroll to Top