Францускиот селектор Дидие Дешам не е сигурен дека ѕвездата на Јувентус, Пол Погба ќе биде доволно физички подготвен да биде дел од неговиот тим на Светското првенство во Катар следниот месец.
Погба уште го нема направено дебито оваа сезона за Јуве по враќањето од Манчестер јунајтед, откако имаше проблеми со менискусот и беше на операција во септември по еден месец непродуктивна терапија. Италијанските медиуми јавуваат дека тој се враќа на тренинзи со надеж дека ќе има мечеви пред Мундијалот.
„Неговото опоравување оди добро, но не знам дали ќе биде подготвен. Прво, мора целосно да се опорави, а потоа, тука е и спортскиот дел. Тој нема меч долго време… Сепак, најважно е да се врати на фудбалот целосно оздравен“, вели Дешам.