Пол Погба „не може да е среќен“ од неговата ситуација во Манчестер јунајтед, вели францускиот селектор Дидие Дешам.
25-годишниот Погба, кој е дел од тимот на Дешам за пријателските мечеви против Колумбија и Русија, пропушти неколку важни натпревари за „ѓаволите“ последните недели – не беше дел од тимот кој го победи Ливерпул во Премиер лигата, влезе како доцна замена во Лигата на шампионите против Севилја, и повторно беше отсутен од ФА куп четврт-финалето против Брајтон, зголемувајќи ги шпекулациите дека постои остар конфликт со менаџерот Жозе Мурињо. Дешам го сфаќа тоа.
„Постои ситуација која нему не му се допаѓа бидејќи тој може многу да понуди. Мора да има бројни причини, но Пол не може да биде задоволен од тоа низ што поминува со неговиот клуб“, вели Дешам за „Л’Екип“.
Погба се врати во Јунајтед од Јувентус за 89 милиони фунти во 2016 и лани со клубот ја освои титулата од Лигата на Европа и Лига купот. Оваа сезона, тој има 27 настапи за Јунајтед, постигнувајќи ги последните три гола уште во ноември.
„Не се работи само за Пол и тоа може да се случи насекаде ако играчот поминува во одредена ситуација. Сакам да ја сфатам неговата ситуација и да ја слушнам неговата приказна“, додава Дешам.
Фото: ЕПА