Претседателот на Фудббалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел Ла Грат, го отстранил Карим Бензема од репрезентацијата. Бензема, поради „аферата Валбуена“, пред шест години е исфрлен од националниот тим. Најпрвин, со одлуката на претседателот се согласуваше и селекторот Дидие Дешан, поради што од репрезентацијата го избриша и Метју Валбуена.
Менаџерот на Бензема, на новинарите им открил, дека по неколку години омекнал ставот на Дешам кон Бензема, неколку пати сакал, но претседателот не му дозволил да го повика во репрезентацијата.
Бензема, е исфрлен од репрезентацијата на Франција во 2015 година. Тогаш тој на соиграчот Валбуена го советувал да им плати на луѓето кои го уценувале, дека во јавноста ќе ја објават снимката на која Валбуена има секс со својата девојка.
Валбуена случајот го пријави во полиција. Истрагата откри дека уценувачите биле другарите на Бензема од детството. Бензема е обвинет ов овој случај, судењето е закажано за октомври, а според францускиот закон, доколку биде прогласен за виновен, може да добие казна затвор до пет години.