Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е блиску до транфсер во Трабзон. Актуелните шампиони на Турција, ќе се засилат на неколку позиции, со цел да не играат епизодна улога во Лигата на шампионите.
Прва опција за позицијата лев бек е Алиоски. Трабзон имаше желба да го донесе македонскиот репрезентативец и минатото лето, но тој тогаш како слободен играч од Лидс замина во Ал Ахли.
Според турските медиуми, Алиоски сега бил подготвен да го облече дресот на Трабзон.
Турците на Алиоски му понудиле годишна плата од два милиони евра.