Швеѓанецот со македонски корени Дејан Кулушевски е голема желба на тренерот на Интер Антонио Конте. Спортскиот директор на клубот Бепе Марота ќе се обиде да го реализира трансферот во јануарскиот преоден рок.
Кулушевски блеска оваа сезона во Серија А. Тој е играч на Аталанта кој како позајмен настапува во екипата на Парма. Во досегашниот дел од сезоната забележал три гола и пет асистенции на 13 одиграни натпревари.
Интер за Кулушевски понудиле 35 милиони евра. Оваа понуда наводно ги задоволила апетитие на нивните колеги од Аталанта. За да може да биде реализиран овој трансфер дозвола играчот мора да добие дозвола и од Парма, екипа чии дрес го носи.
Италијанските медуми шпекулираат дека доколку Кулушевски замине од „Енио Тардини“ тогаш Парма ќе се обиде на неговото место да го донесе Раде Круниќ од Милан.
Од друга страна Интер имаат алтернатива доколку во јануари не успеат да го донесат Кулушевски. Алтернативата е играчот на Барселона Артуро Видал .
Дејан Кулушевски е роден пред 19 години во Стокхолм. Во минатото настапил на пет натпревари за У-17 репрезентацијата на Македонија. Потоа решил да го смени репрезентативниот дрес, играч за младинските категории на Шведска, а на 18 ноември тој дебитираше и за сениорскиот состав на „Трите круни“.