Top Sport

„Деветката“ на Икарди се продава пред стадионот на Јувентус

Мауро Икарди е фудбалерот кој во моментов е најинтересен за италијанската јавност. По несогласувањата што ги имаше со челниците на Интер, неколку медиуми веќе го преселија Аргентинецот во редовите на Интер.

Наводно Јувентус биле подготвени да исплатат околу 100 милиони евра за Икарди. Поради тоа една фотографија привлече големо внимание.

Околу стадионот на Јувентус се продаваат дресови со бројот 9, а над бројката е испишано презимето Икарди.

Маркетинг трик или во Торино се сигурни дека напаѓачот по завршувањето на сезоната ќе облече „црно-бело“.

Scroll to Top