Прекрасната девојка на бразилскиот фудбалски ас Нејмар, Бруна Маркезине повторно „блесна“ објавувајќи видео од карневалот во Рио де Жанеиро.
Бруна и Нејмар повторно се заедно од декември откако беа разделени минатото лето. Тие првпат раскинаа на крајот на 2013, пред да се спојат пред Светското првенство во 2014. „Мирењето“ беше кратко, како и третиот заеднички период од октомври 2016 до крајот на јуни 2016.