Јувентус и Наполи не го одиграа натпреварот од третото коло во Серија А. Гостите од Неапол не се појавија на стадионот на Јувентус. Откако коронавирусот бил потврден кај двајца фудбалери на Наполи (Зјелински и Елмас) здравствените власти на регионот Кампања им забранија на фудбалерите на Наполи да отпатуваат на натпреварот.
Играчите на Јувентус, во терминот на одигрувањето на натпреварот, 20.45 часот, синоќа излегоа на теренот, Наполитанците не се појавија па извесно е дека „страта дама“ со службен резултат ќе го добие натпреварот. Доколку тоа се случи Наполи ќе може на суд да ја обжали оваа одлука.
Серија А тврди дека биле испочитувани сите протоколи и дека натпреварот требало да се одигра. Нив не ги интересира одлуката на здравствените власти на кампања.
Претходно газдата на Напили Аурелио Де Лаурентис побарал од колегите во Јувентус мечот да биде одложен. Од Јувентус не одговорија позитивно на неговото барање. Навивачите на Наполи незадоволни од ваквиот развој на настаните пред стадионот „Сан Паоло“ истакнаа транспарент.
„Вистинскиот вирус е Јувентус. Дезинфекција на Торино“.