Top Sport

ДФБ до Езил и Гундоган: Не дозволувајте да ве користат во политички кампањи

На официјалниот Твитер профил на партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се појавија фотографии што „кренаа прашина“ во Германија. Ердоган на фотографиите е со германските репрезентативци со турско потекло Месут Езил и Илкај Гундоган. Прв што упатил критики е првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Германија (ДФБ) Рејнард Гриндел.

„Фудбалот и Фудбалскиот сојуз на Германија ги почитуваат вредностите кои господинот Гердоган не ги уважува доволно. Поради тоа не е добро репрезентативците на нашата земја да си дозволат да бидат злоупотребени во корист на неговата претседателска кампања. Знам дека Месут и Илкај во целост ги имаат прифатено нашите вредности и дека не се свесни за заднината на тие фотографии, меѓутоа ќе поразговараме со нив“, рекол Гриндел.

Scroll to Top