Top Sport

Џеко: Да сакаа, ќе останев во Интер

Новиот напаѓач на Фенербахче, ветеранот Един Џеко вели дека без проблем би останал во Интер доколку „нераѕурите“ го посакале тоа, и бил изненаден што Ромелу Лукаку не се договорил со клубот.

Репрезентативецот на БиХ стана слободен играч откако Интер не му понуди продолжување во тект на летото и се пресели во турскиот
гигант.

„Ќе останев, бидејќи бев многу среќен во Интер. Ако го погледнете изборот кој го направија со мене, мислам дека тие планираа на Лукаку, така што не им требаше уште еден, да кажеме, крупен напаѓач со што тој ќе беше постојан стартер. Затоа бев навистина изненаден кога на крајот не заврши во Интер“, вели Џеко во интервју за „Амазон прајм“.

Интер преговараа со Челси за позајмицата на Лукаку, но се откажаа кога се дозна дека Белгиецот преговарал со Јувентус зад нивниот грб. На крајот, во последните денови од преодниот рок тој се согласи за позајмица во Рома кај Жозе Мурињо. 37-годишниот Џеко, пак, има одличен старт во дресот на Фенер, постигнувајќи шест гола и пет асистенции во осум меча.

Scroll to Top