Поранешниот тренер на Наполи, Милан и Валенсија, Џенаро Гатузо е пред преселба во Саудиска Арабија, каде што повеќе клубови се заинтересирани за неговиот ангажман, тврди „Скај спорт Италија“.
45-годишниот Гатузо е без работа од почетокот на годината, кога доби отказ од Валенсија, а бидејќи Италијанецот е претставуван од „супер-агентот“ Жорге Мендеш, тој е во преговори со повеќе саудиски клубови, кои ова лето се активни на пазарот на играчи.
Ако се остварат шпекулациите, ова ќе биде четврти пат тој да биде тренер надвор од Италија по кратките ангажмани во Сион, Швајцарија, ОФИ Крит во Грција и Валенсија.
#Gattuso #Calciomercato #SkyCalciomercato #SkySport https://t.co/uOPOhdIF2x
— skysport (@SkySport) June 24, 2023