Top Sport

Ди Бјаџо: Буфон сигурно ќе се врати во репрезентацијата

Интернационалната кариера на ветеранот Џанлуиџи Буфон не е завршена. Барем така мисли преодниот селектор на италијанската репрезентација, Луиџи ди Бјаџо.

Според Ди Бјаџо, 40-годишниот голман на Јувентус ќе остане на голот за пријателските натпревари со Аргентина и Англија следниот месец.

„Играч како него не може да си замине по поразот од Шведска. Предложив да биде тука за следните два или три меча, а потоа да направи одлука. Затоа Џиџи најверојатно ќе биде во репрезентацијата во март“, вели Ди Бјаџо по тренинг-кампот на младите фудбалери во Фиренца.

Според него, и Џорџо Кјелини останува во репрезентацијата иако најави пензионирање, и не беше одлучен дали Марио Балотели заслужува да добие нов повик.

„Го следам постојано и ќе направиме проценка дали треба да се повика. Но, вратата не е затворена за никого“, додава Ди Бјаџо, кој овој месец ја презеде репрезентацијата од позицијата на селектор на У-21 тимот.

Scroll to Top