Top Sport

Ди Бјаџо го повика „Супер Марио“

Привремениот селектор на Италија, Луиџи ди Бјаџо, го повика во репрезентацијата Марио Балотели за пријателските натпревари против Англија и Аргентина.

„Супер Марио“, оваа сезона во дресот на Ница има постигнато 22 гола на 30 натпревари во сите натпреварувања. Покрај тоа што константно ја поправа формата контроверзниот напаѓач успеа да го поправи и своето однесување.

Последен пат Балотели дресот на Италија го носел на Светското првенство во 2014 година. За Италија одиграл 33 натпревари на кои постигнал 13 гола.

Балотели во кариерата играл за Интер, Манчестер Сити, Ливерпул, Милан и Ница.

Scroll to Top