Top Sport

Ди Франческо: Не беше грешка да се игра со тројца дефанзивци

Еузебио ди Франческо признава дека Рома им ја „олесни работата“ на Ливерпул при 5:2 поразот во првиот меч од полуфиналето на ЛШ, но уште има „целосна доверба“ дека можат да направат уште еден кам-бек како тој против Барса.

„Не можеме да продолжиме да зборуваме за мечот со Барселона, но ако губиме дуели и не ја следиме топката при додавања кои се лесни да се прочитаат, ја губиме главата“, вели Ди Франческо за „Медиасет“.

Дали клучната грешка беше во одбраната со тројца фудбалери?

„Го имавме тој систем во првите 20 минути, кога беше доста израмнето, така што тоа не беше проблем. Ги губевме сите ситуации еден-на-еден и евтино ја продававме топката“, се правда стратегот на „волчицата“.

Фото: ЕПА

Салах и Ливерпул ја „газеа“, но не ја „убија“ римската „волчица“ (видео)

Scroll to Top