Top Sport

Ди Франческо: Рома ја посрамотија, но не си давам оставка

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо ја отфрли можноста да си даде оставка по засрамувачкиот 7:1 пораз од Фиорентина во Копа Италија, и додава дека „тактиката е бесцелна без менталитет“.

Поразот во четврт-финалето на купот доаѓа само неколку дена откако тимот пропушти 3:0 водство за 3:3 реми со Аталанта во Серија А.

„Секој коментар кој би го направил сега е бескорисен. Не можеме да си дозволиме да не посрамотуваат така и да се однесуваме така на еден натпревар. Бевме ужасни во секој сегмент. Но, проценките ќе ги правам со студена глава, бидејќи сега расположението не е најдобро. Денеска се видоа пропустите кои ги направивме оваа сезона, но не давам оставка. Тоа не ми дојде на ум. Најразочарувачки е што губевме глава кога бевме под притисок. Мојот голман не одбрани, а примивме седум гола“, вели Ди Франческо.

Фото: ЕПА

Киеза Јуниор и Фиорентина ја понижија Рома со 7:1! (видео)

Scroll to Top