Top Sport

Ди Канио: Лукаку го нема против големите тимови

Иако навивачите на Интер се воодушевени од квалитетите на Ромелу Лукаку по доаѓањето од Манчестер јунајтед во август, Паоло ди Канио не е многу импресиониран, оценувајќи дека му недостасува „она што е потребно“ за мечевите со големите противници.

26-годишниот Белгиец имаше две не многу импресивни сезони на „Олд Трафорд“, пред во Интер оваа сезона да постигне 14 гола во 19 настапи, иако не постигна гол против Аталанта при 1:1 ремито овој викенд.

Ди Канио, кој играше за Лацио, Јувентус, Милан и Наполи во Серија А, вели дека го следи Лукаку од неговите почетоци во Премиер лигата со Челси и вели дека тој е неспособен да го крене нивото кога е најпотребно.

„Секогаш сум велел дека тој ќе постигне многу голови и ќе биде важен играч за Интер, бидејќи го следам осум години, од 2011 кога пристигна во Англија. Го сакав пред Антонио Конте, но признавам дека против тимови како Џенова тој ќе постигне прекрасен тим, но против најдобрите тимови го нема тоа што е потребно. Да, во четири меча ќе постигне по два гола, но против тимови кои се од 10-тото место надолу. Наполи? Сега, дали го сметате Наполи за голем клуб, бидејќи во каква форма е?“, вели Ди Канио.

Scroll to Top