Top Sport

Ди Канио нема желба да се смири со Тоти

Паоло ди Канио вели дека никогаш не зажалил за кам-бекот во тимот на Лацио, и во исто време открива дека „нема никакви односи“ со легендата на Рома, Франческо Тоти.

Поранешниот напаѓач замина од Чарлтон во Англија назад кај „бјанкочелестите“ во 2004 година, одигрувајќи 62 натпревари за својот клуб од детството и постигнувајќи 14 гола.

„Живеев во Лондон со моето семејство и бевме навистина среќни таму. Но, и покрај сè, мислев дека ќе се вратам во Лацио, бидејќи тоа е мојот клуб. Би го повторил тоа уште 1.000 пати“, изјави Ди Канио.

По враќањето кај „Аквиле“, Ди Канио имаше неколку посебно остри дуели со Тоти, кој подоцна изјави дека не би седел на иста маса со ривалот од Лацио.

„Не е голема штета, бидејќи ако му кажете на Тоти дека има тензии на Блискиот Исток, тој ќе мисли дека има тепачка на десната страна на средниот ред. Зошто би имал било какви односи со него? Искрено, не сум заинтересиран за такво нешто. Се случува да не се видам и да немам контакт со клупските колеги, не па со него. Тоа е нормална работа“, вели Ди Канио.

Scroll to Top