Top Sport

Ди Лоренцо: Наполи донесе убав фудбал во Италија и Европа

Капитенот на Наполи, Џовани ди Лоренцо вели дека неговиот тим донел убав фудбал во Италија и во Европа, откако ги одигра речиси сите минути во 15 мечеви во Серија А, каде што „партенопеи“ се лидери.

Зборувајќи на прес-конференција како дел од италијанската репрезентација, тој зборуваше за „фантастичниот“ старт на сезоната н неговиот клуб.

„Носиме убав фудбал во Италија и Европа и сакаме да продолжиме така. За италијанскиот фудбал да се има клуб како нашиот е прекрасна работа и се надевам дека така ќе го инспирираме целиот италијански фудбал. Со Наполи правиме нешто неочекувано, нешто неверојатно. Никој не очекуваше да имаме ваков старт“, вели Ди Лоренцо.

Тој ги предупредува навивачите дека е прерано да се слави третото скудето во историјата на клубот, но посочи дека би бил горд да го крене како Диего Марадона.

„Секако, сонот е да се освои скудетото во Неапол и да се освои со капитенската лента како Марадона. Но, сезонт е долга, направивме важен чекор, но има многу мечеви пред нас“, додава Ли Лоренцо.

Scroll to Top