Top Sport

Ди Марија доби четири меча суспензија за плукање

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Анхел ди Марија доби суспензија од четири меча за плукање на дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалез при општата тепачка во финишот на мечот на „Паркот на принцовите“, кој Марсеј го доби со 1:0.

Инцидентот се случи во финишот на мечот, кога дури пет фудбалери добија црвени картони, меѓу кои и Нејмар поради ударот над Гонзалез. Бразилецот, кој беше избркан покрај Лајвин Курзава и Леандро Паредес и фудбалерите на Марсеј, Жордан Амави и Дарио Бенедето, подоцна го обвини Гонзалез дека расно го навредувал, нешто што Шпанецот го демантираше.

Ди Марија исто така беше вклучен во инцидентот, и откако се појави снимка на која се гледа како плука кон Гонзалез, тој доби четири меча казна.

Истрагата околу Гонзалез уште не е завршена.

Scroll to Top