Top Sport

Ди Марија го нарекол Меси џуџе

Репрезентативецот на Аргентина, Анхел ди Марија, изјавил дека задоволство му претставуваат тренинзите со капитенот на репрезентацијата Лионел Меси.

Аргентинците се подготвуваа за настап на Копа Америка, а низ шега играчот на ПСЖ својот капитен го нарекол џуџе.

„Сакам да играм со џуџето. Сакам да тренирам со него и да го гледам што прави. Тоа е нешто посебно, не може да се објасни. Сречен е во репрезентацијата, добро комуницира со момците“, рекол Ди Марија.

Поранешниот играч на Реал Мадрид открил дека во минатото добил покана да се пресели во Барселона.

„Имав можност, добив поканам но тоа не се случи“, дополнил Ди Марија.

Копа Америка во Бразил ќе започне на 14 јуни. Аргентина се наоѓа во Б-групата заедно со Колумбија, Парагвај и Катар.

Scroll to Top