Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Анхел ди Марија признава дека е лут поради тоа што е изоставен од изборот на аргентинскиот селектор Лионел Скалони за првите квалификациски мечеви за Светското првенство во 2022.
Вестите доаѓаат во лошо време за Ди Марија, кој исто така доби четири меча суспензија за плукање кон Алваро Гонзалез во хаотичниот финиш на дербито со Марсеј.
„Не можам да најдам објаснување, немам зборови. Многумина велат дека тоа е поради тоа што имам 32 години, но јас продолжувам да трчам исто, да давам голови. Тешко е да се разбере зошто кога сум во добра форма не сум повикан. Дали тоа е поради тоа што веќе не ме сакаат? Јас ќе продолжам да се борам за моето место. Дали со 32 години сум стар? Ако тоа е позицијата, тогаш нема да има место ниту за Меси, Отаменди и други фудбалери“, вели Ди Марија.