Top Sport

Ди Марија по 13 години се врати „дома“ во Бенфика

Аргентинскиот ветеран Анхел ди Марија ги одби сите понуди од Саудиска Арабија и се врати во својот поранешен клуб, Бенфика, кои му посакаа среќно враќање „дома“.

Ди Марија остана слободен играч по крајот на договорот со Јувентус, и поранешниот фудбалер на Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед, реши да потпише едногодишен договор со португалскиот клуб.

Бенфика беше првиот европски клуб на Ди Марија од 2007 до 2010 година, пред тој да направи трансфер во Реал Мадрид, и во клубот се приклучува на својот соиграч од репрезентацијата, дефанзивецот Николас Отаменди.

Scroll to Top