Top Sport

Ди Вајо: Арнаутовиќ за нас е „бесценет“, не го даваме на Јунајтед

Спортскиот директор на Болоња, Марко ди Вајо вели дека нивниот австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ не е на продажба и покрај сериозниот интерес на Манчестер јунајтед, кој според британските медиуми веќе дале понуда од 8-9 милиони евра.

33-годишниот Арнаутовиќ минатата сезона имаше 14 гола во 33 меча во Серија А и Ди Вајо вели дека нема да се случи продажба.

„Не е лесно да се издржи во преодниот рок, има многу шпекулации, но ние сакаме да го заддржиме Марко. Тој е во центарот на нашиот проект. Интересот ни годи, посебно бидејќи беше наша идеја да го донесеме во клубот по три години во Кина. Тоа беше добар облог и не сакаме да го продадеме, туку сакаме да го засилиме тимот за подобра сезона. Не се работи за пари, тој за нас е бесценет и сакаме да проолжиме со него. Нема цена“, вели Ди Вајо.

Scroll to Top