Top Sport

Дибала до крајот на кариерата со Јуве?

Јувентус почнале преговори со Пауло Дибала за да обезбедат Аргентинецот остатокот од кариерата да остане во Торино, далеку по крајот на сегашниот договор во јуни 2022 година, јавуваат италијанските медиуми.

Ова е целосен пресврт во односите на италијанскиот клуб со Дибала, откако минатото лето тој беше блиску до заминување од клубот. Дибала пристигна во Торино од Палермо за 40 милиони евра пред пет години, а во текот на летото повеќе англиски клубови, пред сè Манчестер јунајтед, беа заинтересирани за трансфер, сметајќи дека тој не може да игра заедно со Кристијано Роналдо. Тој ги демантираше со 7 гола и 9 асистенции во 24 меча од Серија А оваа сезона.

Според „Тутоспорт“, Дибала и Јувентус работат на нов договор со кој неговиот договор од 7 милиони евра годишно би се зголемувал секоја сезона.

Scroll to Top