Агентот на Пауло Дибала денеска се сретнал со директорите на Јувентус и италијанските медиуми велат дека по сите шпекулации за заминување, Аргентинецот е многу блиску до потпис на нов договор со „бјанконерите“.
Договорот на Дибала завршува во јуни 2022 година, но тој досега постојано ги отфрлаше иницијативите на Јувентус да го продадат, посебно минатото лето кога беше блиску до Тотенхем и Манчестер јунајтед, бидејќи тој сака да остане во Италија.
Според експертот за италијанскиот пазар, Џанлука ди Марцио, Дибала би добил договор до јуни 2025 година со опција за уште една сезона. Тој побарал 10 милиони евра по сезона, но Јувентус е поблиску до сумата од 8 милиони.
Domani nuovo incontro tra @juventusfc e #Dybala per il rinnovo https://t.co/BPPQXZ56YE
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 10, 2021